Ветер, морска сол и хлор од базенот – нашата коса е ставена на сериозен тест во текот на летото. Еве ги советите за правилна нега.
Во лето, на високи температури, нè придружува ненаситна желба за пливање во базен или море – задоволство што ни го подобрува расположението, но често лошо влијае на косата. Па, како да ја заштитите? Еве еден совет.
Како да ја заштитите косата од морска сол?
Првата и најважна работа е да ја измиете косата со обична вода веднаш по пливањето. Друго решение е да дојдете на плажа со веќе мокра коса, за да го намалите ефектот на солената вода. Но, оваа заштита е само привремена. По излегувањето од водата потребно е да нанесете масло за заштита од сол и УВ зраци, бидејќи штетните зраци се засилуваат со одразот на сонцето на кристалите на солта. Кое масло да се избере? Се препорачува да се користи суво масло, а доколку е честа изложеноста на сол, двапати неделно користете маски за негување на косата.
Како да ја заштитите косата од хлор?
За оние кои повеќе сакаат да пливаат во базен отколку во море, ги чека уште една опасност – хлорот. Хемиско соединение со штетно дејство и за кожата и за косата. Ја ослабува косата правејќи ја сува, а исто така ја измива бојата. Експертите за убавина инсистираат на носење силиконски капи, но и превентивни третмани за зајакнување на косата, бидејќи ако косата е во лоша состојба ќе биде поподложна на влијанието на хлорот. Се препорачува и масло со заштитен фактор, а задолжително е плакнење на косата после капење.