КАКО ДА ЈА ИСЧИСТИТЕ ПЕГЛАТА ЗА 30 СЕКУНДИ: Супер трик со само една состојка – ќе изгледа како да е купена од продавница

popara12 јули, 20231min00
pegla

Наједноставниот и најефикасен трик за кој ви е потребна само една состојка, а пеглата ќе изгледа како штотуку да е купена во продавница!

Кога пеглате ткаенини кои се почувствителни на превисоки температури, се случува да се залепат на дното на пеглата. Таквите наслаги потоа лесно се „залепуваат“ на следното парче што е на ред за „исправување“, оставаат траги кои понекогаш не можат да се отстранат дури ни во машина.

Како да ја одржувате вашата пегла постојано чиста? Постои трик од 30 секунди кој ќе го реши проблемот со залепените слоеви на дното.

Таблета како волшебно стапче

Еден многу необичен, но ефикасен метод за чистење на трагите од изгорени алишта на пеглата е да ги гребете наслагите со таблета за миење садови. Таблетите за машина за миење садови се дизајнирани да ги отстрануваат дамките и маснотиите од храна, па не е изненадување што многу луѓе ги користат за чистење други работи освен садови.

А еве како да ја исчистите пеглата со таблета за миење садови…

Загрејте го уредот на висока температура, а потоа исклучете го од напојувањето. Пеглата треба да биде топла, но не приклучена. Ако дамката е малку постара, ќе треба уште малку да ја загреете, само внимавајте да не се изгорите. Потоа земете ја таблетата и втријте ја во дамките, ќе видите како веднаш ќе се тргнат. Следниот чекор е да земете влажна крпа и да ја избришете исчистената површина. Целата работа ќе ја завршите за помалку од 30 секунди!

Модерните пегли имаат и отвори за испуштање вода и пареа, а доколку истите тие наслаги се насобрале во нив, проблемот можете да го решите со стапчиња за уши и оцет. Едноставно потопете го стапчето во малку оцет и поминувајте ги наслагите во дупките додека не се исчистат. Едноставно, нели?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma