Сетете се, колку пати сте одбрале погрешна боја на пудра или вашата нијанса повеќе не ви одговара по сончањето, а откако ќе купите потемна, наеднаш доаѓа есен и бојата на пудрата повторно не ви одговара? Заради тоа, денес ви пренесуваме трик за убавина кој спаѓа во категоријата наједноставни и најпрактични трикови кои многу ќе го олеснат потенцијалниот погрешен избор на шминка.
Овој трик за убавина се заснова на техника на контурирање која долго време е усовршена.
Доколку имате проблем со пудра чија нијанса е многу посветла од вашиот тен, потребно е да користите производ за контурирање, во поладни кафени тонови, за да ги нагласите деловите од лицето како образите, брадата, горниот дел од челото и надворешните линии на носот. Потоа сето тоа многу добро треба да го изблендирате.
@hayleybuix Easy hack if you got the wrong foundation shade! ib @lenkalul @lccbeautyy #makeuptutorial #makeuphacks #makeuptips
Доколку сепак имате проблем со пудрата чија нијанса е значително потемна од вашиот тен, коректорот треба да го нанесете на пределот под очите, потоа на делот веднаш под образите, на средишниот дел на челото во форма на триаголник и на крај да ја наполните внатрешната линија на носот. Исто така добро изблендирајте.