Секако, на емотивниот партнер секогаш треба да му покажуваме дека се грижиме, но за време на празниците тоа е особено важно. Празниците можат да бидат среќни и весели, но можат да предизвикаат и многу непријатни емоции. Очекувањата на луѓето се поголеми од вообичаеното и лесно е да се чувствуваме разочарани ако не го чувствуваме вниманието на партнерот.
Затоа, малку труд не е на место. И еве неколку начини на кои можете да ја изразите вашата љубов.
1. Честитки
Многу луѓе се фокусирани на подарокот и често забораваат на картичката или честитката. Сепак, ова е всушност најсимболичниот и најличен дел од подарокот. Дури и ако не можете да си дозволите подарок – можете да купите картичка за изразување на вашите емоции.
2. Гответе заедно
Ги знаете сите оние топли спомени што ги поврзувате со Божиќните колачи? Можете да креирате нови со вашиот партнер.
Дури и ако не сте вешти во кујната, оваа активност создава поблиска врска, и тоа е поентата.
3. Направете плејлиста
Во ера во која доминира технологијата, сè ни е лесно достапно. Се разбира, вашиот партнер може да слуша апсолутно сè што ќе посака на платформата „Јутјуб“, но запомнете ги убавите денови на подарување ЦД-а и касети.
Ако не сакате да одите на многу винтиџ варијанта, ставете ги неговите омилени песни на УСБ и дајте му го.
Или ако сакате да бидете навистина креативни, одлучете се за винил плоча.
4. Евоцирајте спомени
Преживувањето на најубавите спомени што ги паметиме не само што буди емпатија туку и чувство на поврзаност и подлабока љубов.
Споделувањето спомени го продлабочува пријателството во партнерство, пренесува „Bustle“.