Како изгледа „најдобриот фустан на светот“? СИТЕ инфлуенсери се заљубија во моделот со кој не ви треба градник

popara8 август, 202311min00
насловна

Ако ја прашате трендсетерката Алекса Чанг како изгледа модното совршенство, таа ќе ви го покаже токму овој фустан, а многу нејзини колешки се подеднакво шармирани од едноставниот модел

Во последните сезони се попопуларни се моделите на украинскиот моден бренд Anna October, кои ги видовме на многу светски ѕвезди и познати инфлуенсери.

Сепак, еден фустан посебно се истакна, а популарната трендсетерка Алекса Чанг беше толку воодушевена од него што на Инстаграм го нарече – „најдобриот фустан на светот“!
Станува збор за Waterlily, многу едноставен модел очигледно инспириран од slip фустан: со тенки прерамки „шпагети“, деколте во облик на срце, кое ја следи линијата на телото и и овозможува на кожата да дише на највисоки температури.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexa Chung (@alexachung)

Овој фустан е достапен во мини и миди верзии и во бела, црна, светло розова, шампањ и слонова коска, а кратката верзија чини 525 евра, додека онаа што паѓа под колена чини 620 евра.
Според веб-страницата на брендот, фустанот Waterlily е „уметничко дело кое нежно го обвива телото и ги нагласува сите негови прекрасни линии, украсени со детали на градите и отворен грб“, што го прави совршен избор за вечерна варијанта.


Како што за Vogue истакнува дизајнерката Anna October, која стои зад овој бренд, таа не создава облека за момент, туку само она што ќе трае.

– Не дизајнирам работи кои се тренди или сезонски. Опседната сум со квалитетот на облеката и како таа ми стои. Создавам нешто што трае со години – објасни таа.

Овој модел на фустан е создаден во 2018 година, а Anna October вели дека сакала совршен slip фустан за себе бидејќи, иако ги има многу на пазарот, никогаш не го нашла својот идеален модел.

– Со slip фустан секогаш се грижите како ќе ја носите вашата долна облека, па затоа ја дизајнирав оваа со вграден градник што го прави исклучително удобен и лесен за носење – се гордее креаторот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag