Како изгледа „street“ стилот на Њујорк? Градот во кој добивате огромна модна инспирација

popara14 мај, 20231min00
profimedia-0755625183-830x0

„Street style“ или улична мода е синоним за урбаност, метрополитски живот, слобода и разновидност на стилови. А на кој град би му одговарал тој опис, ако не Њујорк?

Секоја снимка од Њујорк неминовно ја прикажува колоритноста која ги краси улиците, а тоа доминираше во серијата „Сексот и градот“.

Њујорк дише во тој ритам секојдневно, а настаните како Модната недела можат да претставуваат само модна кулминација.

Како и секогаш, фоторепортерите доаѓаат на ревиите за време на Модната недела, но остануваат заради уличниот стил. Благодарение на нив, можеме да видиме впечатливи изгледи од инфлуенсери и други модни ентузијасти. Многу од нив најавуваат нови трендови, но и враќање на старите.

Играње и експериментирање со модни стилови, комбинација од сè, од удобен стил за напорен ден, акцентиран со ексцентрични додатоци, до глам дневни верзии што би ги натерале вашите пријатели да ве караат кога ќе се појавите на ручек или на кафе велејќи дека сте претерале.

Но, се е дозволено. И безвременски, основни работи како чанти, тексас и патики и љубов кон модата од 2000-тите. Се работи за тоа како ќе ги интегрирате трендовите за да одговараат на вашиот стил.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag