Како Килијан Марфи станал слаб како Опенхајмер: Глумецот правел само една работа

popara25 јули, 20231min00
film-openhajmer-20-830x0

Килијан Марфи јадел само „еден бадем на ден“ за да се трансформира во таткото на атомската бомба, Џеј Роберт Опенхајмер за новиот блокбастер „Опенхајмер“.

Во интервју за Екстра, неговата колешка Емили Блант рече дека актерот станал „толку слаб“ кога се вложил во физичка трансформација за филмот.

Таа рече: „Тој имаше таков монументален потфат. Јадеше еден бадем секој ден. Беше толку слаб“.

Килијан Марфи зборуваше за сето ова во интервју за The New York Times:

„Сакам да глумам со моето тело, а Опенхајмер имаше многу дефинирана фигура и силуета, што сакав да ги доловам. Морав да ослабам доста, а работевме на костимот и кроењето; тој бил многу тенок, речиси изнемоштен, на мартини и цигари“.

И тој јасно стави до знаење дека неговата екстремна диета не е безбедна и дека не треба да ја испробуваат други луѓе.

„Малку се натпреварувате со себеси, што не е здраво. Не ја советувам“, рекол актерот.

Марфи исто така објасни дека не сакал да открие каква храна ја исклучувал за да го глуми пионерскиот научник или колку килограми изгубил.

И опасното темпо на снимање му помогнало на Килијан да ја постигне својата цел за слабеење.

“Како да сте во овој ебен воз кој само бомбардира. Тоа е бум, бум, бум, бум. Спиеш неколку часа, стануваш, повторно експлозии”, изјави Мафри за Гардијан.

“Трчав со луда енергија; ja преминав линијата каде што веќе не ми беше гајле за храна или било што друго. Бев толку фокусиран, во состојба на хипер…нешто. Но, беше добро бидејќи ликот беше таков. Тој никогаш не јадел”, рекол Марфи.

Мет Дејмон, Флоренс Пју, Роберт Дауни Џуниор и Рами Малек играат и во „Опенхајмер“, кој во кината пристигна на 21 јули, пишува Дејли Меил.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma