Како ЛАКОТ ЗА НОКТИ ДА ВИ ТРАЕ ПОДОЛГО: Ова е идеалниот број слоеви

popara20 јули, 20231min00
4c184e3517808e9ef8c7ba88f49d11c14b789589

Пред се, важно е добро да ги подготвите ноктите.

На плажа, лакот за нокти (и на рацете и нозете) доаѓа до израз, особено кога е убава светла летна боја. Ќе ги задржите вашите розови, портокалови или виолетови (или која било друга боја) нокти подолго ако ги следите овие совети за лакирање за нокти.

1. Чисти нокти

Пред да нанесете лак, потребно е добро да ги измиете ноктите со сапун и вода, а пробајте и малку јаболков оцет, кој подобро ќе ги отстрани нечистотиите од ноктите и ќе овозможи лакот подобро да се „залепи“.

2. Ништо без основа

Најпрво треба да се нанесе безбоен лак кој ќе го заштити ноктот и ќе овозможи вториот слој од обоениот лак да трае подолго. Исто така, секогаш е добро да нанесете основен безбоен лак бидејќи по отстранувањето на лакот, ноктите ќе останат природни и проѕирни, без пожолтување.

3. Два слоја – ни повеќе, ни помалку

По основниот слој, важно е да се нанесат два слоја лак. Пред да го нанесете вториот слој, треба да почекате добро да се исуши слојот од лакот во боја.

4. Облога

Тенка облога од безбоен лак ќе обезбеди долговечност на лакот во боја.

5. Ладна вода

Откако ќе се исушат ноктите, рацете треба да се стават во ладна вода, што дополнително ќе ги зајакне сите слоеви.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma