КАКО ЛАЛИЊАТА ДА ОСТАНАТ СВЕЖИ ДУРИ 10 ДЕНА? Пролетни убавици кои растат во вода

popara6 април, 20231min00
666831_8_f

Ниту еден цвет не е поврзан со пролетта како букет свежи лалиња, велат цвеќарите. Иако немаат карактеристичен мирис, изгледаат многу убаво и внесуваат свежина во секој ентериер, а поради различните бои го подигнуваат расположението.

Разубавете го вашиот простор со букет од овие цвеќиња и слушнете ги советите како да направите да траат подолго.

  1. Бирајте пупки лале

Кога купувате лалиња, изберете ги оние чии цвеќиња не се отворени. Уште подобро е цветот да не е целосно обоен, туку малку зелен. Не грижете се, цветот ќе се отвори за неколку дена и ќе трае многу подолго во вазната. Ако веќе добиете расцутени лалиња, тие ќе траат само ден или два.

  1. Не заборавајте на водата

Најдобро би било стеблата да ги завиткате во хартија натопена во ладна вода веднаш откако ќе ги купите. Лалињата не можат без вода, тие се единствените цвеќиња што растат во вода и треба да се менува секој ден.

  1. Отстранете ги паднатите листови

Пред да ги ставите лалињата во вазна, исечете половина сантиметар од секое стебло. Ова им помага на цвеќињата побрзо да пијат вода. Ако листовите паднат во водата, ќе почнат да скапуваат и набрзо ќе ги „убијат“ лалињата, па веднаш извадете ги од вазната.

  1. Изберете ја вистинската вазна

Вазната мора да биде барем до половина од стеблото. Уште подобро е ако вазната е повисока и го држи цвеќето исправено. Ако вазната е премала, лалињата ќе висат преку работ и на тој начин побрзо ќе венеат.

  1. Чувајте ги на осветлено место

Чувајте ги лалињата на осветлено место. Не треба да се изложуваат на директна сончева светлина, бидејќи не поднесуваат премногу топлина, а цветовите може да добијат дамки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag