Како настана легендарната фотографија на Битлси за албумот „Abbey Road“: Ова е причината зошто Пол Макартни е бос

popara9 август, 20231min00
abbey-road-830x0

Фотографијата стана легенда

На вчерашен ден, 8-ми август 1969 година, беше направена можеби најпознатата фотографија во историјата на рокенролот, а тоа е онаа кога Битлси ја преминуваат улицата на пешачкиот премин во Аби Роуд (Abbey Road) во Лондон. Сликата беше искористена за легендарниот албум на бендот од Ливерпул, кој го носеше името „Abbey Road“.

Како е направена оваа фотографија? Патниот сообраќај сега не е ист како пред 50 години во Лондон, но Аби Роуд веќе била прометна сообраќајница и тогаш, што значело дека фотографот Јан Мекмилан имал само кратко време да ги направи своите фотографии. Полицаецот го запрел сообраќајот додека Мекмилан се качувал по скали на средината на патот. Фантастичната четворка, составена од Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар, ја минувала улицата три пати напред-назад, секој пат додека Мекмилан фотографираше.

Како што се наведува, направени се само 6 фотографии. Одлучено е дека петтата е најдобра.

Според дизајнерот Џон Кош, причината поради која Пол Макартни е бос на фотографијата, бидејќи ги соблекол чевлите, била поради тоа што биле премногу тесни. На 8-ми август 1969 година, во Лондон бил особено сончев ден и Макартни живеел зад аголот, на улицата Сент Џонс Вуд, па во студиото, кое било на улицата Аби Роуд, дошол во сандали, пишува „radiox.co.uk“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag