Која е улогата на генетиката кај андрогената алопеција?
Прогресивното губење на косата е исклучително честа појава. Во светот, дури 85 отсто од мажите и 40 отсто од жените го имаат овој проблем.
Најчестиот тип на опаѓање на косата кај мажите е андрогената алопеција, кога косата обично се проретчува на врвот и на страните на главата.
Како што вели д-р Шади Абунасеер за „Telegraf.rs“, генетиката игра голема улога во тоа дали ќе имате проблем со проретчена коса или ќелавост.
– Губењето на косата вклучува прогресивно симетрично проретчување на косата, најизразено на предниот, горниот дел и страничните делови на скалпот – објаснува д-р Абунасеер.
– Проретчувањето на линијата на косата во овие области се јавува кај двата пола. Сепак, изразената рецесија на косата во оваа зона првенствено се забележува кај мажите.
Најчеста форма на губење на косата во светот е андрогената алопеција, за која се верува дека е наследна состојба.
– Иако постои генетска предиспозиција за оваа форма на опаѓање на косата, машкиот полов хормон дихидротестостерон (ДХТ) игра значајна улога. Со помош на одредени ензими се создава од тестостеронот, хормонот одговорен за растот на косата, кај мажите во тестисите и простатата, а кај жените во јајниците. DHT ги активира рецепторите да иницираат минијатуризација на фоликулите, а чувствителноста на овие рецептори е генетска карактеристика. Кај андрогената алопеција, минијатуризацијата на фоликулите на косата доведува до пократка фаза на раст и на крајот до помеки, посветли влакна кои исчезнуваат – вели д-р Абунасеер.
Според него, DHT е присутен и кај мажите и кај жените, но нивото на DHT е природно повисоко кај мажите, поради што тие се почесто погодени од губење на косата отколку кај жените.
– Андрогената алопеција е бавен процес и може да трае со години. Но, доколку пациентот дојде на време, понекогаш е можно да се запре процесот на опаѓање на косата. Во други случаи неопходна е трансплантација – заклучува д-р Абунасеер.