Како најбрзо да ги ИСУШИТЕ АЛИШТАТА во зимските денови? Едноставен трик кој ќе ви помогне во тоа

popara11 јануари, 20231min00
0c28154f010a912cc092706c8a6114292dbf4a42

Послушајте го советот на една домаќинка

Живеејќи во мал еднособен стан, Алекс Бирн со години се мачела со сушење алишта бидејќи немала доволно простор да ги рашири. Сепак, еден ден и дошла одлична идеја.

Откако ги раширила алиштата на сушалката, зела голем чаршаф, со ластик, и го оптегнала преку сушалката, а потоа ја ставила покрај радијаторот.

Сфатила дека чаршафот го заробил топлиот воздух, помагајќи им на алиштата да се исушат за два часа, тврди таа.

– Се обидував да сфатам каде да го закачам чаршафот за да се исуши, освен вратата од кујната од каде ќе го собира мирисот на храна. Сушалката најчесто ја чувам до радијаторот, особено во зима, и си помислив зошто да не го ставам чаршаф над неа и да ги навлечам краевите преку радијаторот? Така целиот топол воздух од радијаторот ќе оди во облеката и таа брзо ќе се исуши – раскажа Алекс како дошла до оваа идеја.

– Луѓето прашуваат дали вака не се создава влага, но јас внимавам чаршафот целосно да не ја покрива сушалката и секогаш да има места каде воздухот излегува и ја загрева просторијата – вели таа.

Ако сè уште сте загрижени за влагата, отворете го малку прозорецот.

Нејзиниот едноставен трик собра повеќе од 4.000 лајкови на Фејсбук.

„Го правам ова со години и одлично е, сите алишта ми се сушат толку брзо“, „Зошто не го видов ова порано? Постојано се прашувам како побрзо да се исушат алиштата без да се вклучи машината за сушење“, беа само некои од коментарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag