Пролетта станува се потопла, па пред да трепнете, топлите летни денови веќе ќе пристигнат. Сезоната се менува, треба да ја подготвиме кожата за високи температури, како и за зголемено УВ зрачење.
Покрај кремите, маските и разните третмани со кои се грижиме за кожата однадвор, има уште нешто важно и значајно исто како надворешната нега.
Важно е што внесуваме во себе – што јадеме и пиеме.
За да може кожата што полесно и подобро да се прилагоди на променетите временски услови, потребно е да и се помогне и одвнатре. Храната што ја јадеме и течностите што ги внесуваме директно влијаат на изгледот и состојбата на нашата кожа.
Дерматолозите и козметолозите нагласуваат колку е важно да се заштити кожата пред се од високиот индекс на УВ зрачење, а за да го постигнеме тоа што е можно поефективно потребно е да консумираме храна која е богата со каротен.
Бета каротенот првпат се споменува во 1831 година, кога научникот Анри Вилхелм Фердинанд Вакенродер го открил од портокаловиот зеленчук.
Бета каротенот главно се наоѓа во овошјето и зеленчукот што содржи црвен, портокалов или жолт пигмент, но го има и во зелениот лиснат зеленчук, бидејќи тие исто така содржат добра количина од овој антиоксиданс.
Истражувањата покажаа дека поголеми количини на бета каротен се наоѓаат во готвените облици на овошје и зеленчук отколку во суровите.
Бидејќи бета каротенот се претвора во витамин А растворлив во масти, важно е да се консумира оваа хранлива материја со масти за подобра апсорпција.
Храната со најмногу каротин вклучува: моркови, слатки компири, зелен лиснат зеленчук (кељ и спанаќ), потоа тиквички, црвена и жолта пиперка, кајсии, грашок и брокула.
Бета каротенот го има и во зачините, меѓу кои: чили, магдонос и коријандер.
Сега кога имате список на намирници кои се важни за подготовка на вашата кожа за топлите денови и зголеменото УВ зрачење, вклучете ги во вашето мени и консумирајте ги колку што е можно повеќе.