Козметичарка која е експерт за депилација на бикини зона, открива дека главен проблем при депилацијата се поткожните влакна, како и создавање на хиперпигментација.
Имани, експерт за депилација на бикини зона ги споделува своите совети за беспрекорен изглед ова лето.
Таа наведува дека воопшто не е лесно да се има мазна бикини зона, и дека има работи што треба да ги правите.
Еден од нејзините совети е да престанете да ги чепкате поткожните влакна. Поткожно влакно е она кое е избричено или отстрането со пинцета и повторно расте во кожата, предизвикувајќи воспаление и испакнатини на кожата.
Наместо да ги допирате, треба да користите топла облога за да ги отворите порите и да го примените третманот.
Според Имани, се препорачуваат производи со гликолна или салицилна киселина за третман на бикини зоната.
Таа, исто така, препорачува хемиски пилинг со активни состојки кој помага во лекувањето на хиперпигментацијата.
Нејзиното видео може да го погледнете ТУКА.
Имани редовно ги споделува своите совети на „TikTok“ и има огромен број следбеници.