Како пукањето на хулахопките да стане минато: Една жена откри трик кој ќе ви заштеди време и пари

popara4 април, 20231min00
profimedia-0640927314

Овој трик ќе ви помогне да се ослободите од оваа мака еднаш засекогаш

Колку само настани успеала да уништи една искината свилена хулахопка? Сигурно имало многу случаи кога ноктот ќе поминел низ вашиот чорап пред самата прослава или точката што сте ја игнорирале се претворила во дупка долж вашата нога. Сепак, една жена пронашла трик кој ќе ви помогне да се ослободите од оваа мака.

Покрај ноктите, косата, шминката, најмалку што ви треба е свилените хулахопки да ви пукнат пред или, уште полошо, на забавата. Каков впечаток може да остави скинатата хулахопка на совршено негувана жена?

Колку и да се трудите да бидете нежни, ноктот наоѓа начин да започне пукнатина која многу лесно се претвора во линија по должината на ногата.

За среќа, модната обижавателка Хана Хармелин сподели трик со кој можете да ги спасите вашите хулахопки, а со тоа и вашата вечер! Овој трик може да ви стане најдобар пријател кога станува збор за заштеда на пари и избегнување на непријатности.

Волшебниот трик на Хана брзо се здоби со популарност на социјалните мрежи, па, покрај голем број жени, се заинтересирала и компанијата која произведува најлонски чорапи, „Tights Tights Tights“. Тие и се заблагодариле на Хана и го споделиле нејзиниот трик велејќи дека и тие не знаеле за ова.

Во оригиналното видео, Хана објасни: „Растејќи, мајка ми секогаш ги имаше најдобрите модни трикови, а кога ме научи на овој, ми остана засекогаш. Секогаш знаела што да прави со својата облека во секоја ситуација. Таа не научи толку многу мали трикови што мислам дека секој треба да ги знае. Ова го менува животот“.

Хана во видеото додава дека пукањето на хулахопките кога ќе ги навлечете е најлошото чувство на светот и вели дека наместо да ги фаќате чорапите и да ги влечете со ноктите нагоре, намокрете ги дланките со вода и повлечете ги со влажни раце. На овој начин најлонките се лепат за рацете и овозможуваат да се избегнат проблеми со ноктите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma