Софија Вергара и нејзината внука Клаудија изгледаа речиси идентично во сини фармерки, црн горен дел, бели патики и црна чанта што и двете ја носеа околу телото. Можеби се договориле за облеката за одење во шопинг или можеби е случајност – во секој случај сите забележале колку си личат една на друга.
Софија и 30-годишната Клаудија се многу блиски, па актерката во неколку наврати на социјалните мрежи споделуваше фотографии со нејзината внука, од излегувања до семејни дружења, а Клаудија ја придружуваше на еден од црвените килими. Инаку, таа е ќерка на постариот брат на Софија, Рафаел, кој почина пред 25 години.
Клаудија признала дека нејзината позната тетка често ѝ позајмува облека од плакарот, а единственото нешто што не може да ѝ го позајми се чевлите поради разликата во големината. “Таа секогаш ми вели – носи што сакаш и не ги следи слепо трендовите. Облеката мора да ти изгледа убаво, а трендовите се минливи и не ни одговара сè на сите подеднакво. Важно е да го знаеш твоето тело”, изјавила Клаудија за советот што ѝ го дала Софија.