Како се користи рицинусово масло за нега на косата? Неколку начини за сјајна и силна коса

popara9 декември, 20231min00
Screenshot_5

Ако се борите со тенки и испукани врвови на косата, најверојатно сте запознаени со магичните својства на рицинусовото масло.

 

 

 

 

Прашањето е дали навистина рицинусот помага во растот на косата – мит или не?

 

Иако не постојат научни докази дека го помага растот, според експертите, праксата покажува поинаку.

 

„Неговите антибактериски својства оневозможуваат воспаление на фоликулите на влакната, додека рицинолеинската киселина ја стимулира циркулацијата и помага во растот на косата“ – вели фризерката и стилист од Австралија – Бриџит Хил, и додава:

 

„Но, за да имате ефект, маслото мора малку да се загрее и да го оставите нанесено на косата барем 30 минути за да си го одработи своето“.

 

Се нанесува од коренот па сè до врвовите (1/2 чашка) и се остава на делува.

 

Откако ќе го измиете убаво, исушете ја косата со пешкир и избегнете фенирање.

 

Рицинусовото масло се користи за сите типови на коса, но не се препорачува за оние кои имаат проблем со првут.

 

Кога е во прашање неговата употреба на веѓи и трепки козметичарите велат дека мора да се внимава и да разговарате претходно со офталмолог како не би се појавила алергија на очите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma