Ова е основниот рецепт за фокача. Доколку е потребно, можете да додадете состојки кои ви се допаѓаат одозгора: домати, кромид, лук итн.
Ви треба:
500 грама бело брашно
1 лажица сол
1 кесичка сув квасец или половина коцка свеж квасец
1 лажица сол
2 супени лажици маслиново масло
400 мл млака вода
оригано
Подготовка:
Во просеаното брашно додадете 1 лажица шеќер и половина коцка квасец. Додадете вода и замесете тесто. Посолете и размесете го тестото, па истото направете го и со маслото. Оставете го тестото да нарасне околу 20 минути. Преместете го и префрлете го во плех, додадете уште маслиново масло (слободно можете да истурите поголема количина по желба), сол и оригано. Оставете да стаса, па печете во загреана рерна додека не се формира златна кора.