Порано нашите баби ја одржуваа негата на телото и косата по природен пат. Денеска сме изложени на разни препарати кои понекогаш повеќе ја оштетуваат косата отколку што и помагаат.
Така, една госпоѓа на Интернет сподели искуство како нејзината прабаба и баба се грижеле за косата, а ги усвоила и нивните совети.
Имено, се што ви треба е ќесичка чај, но не било каква ќесичка чај.
Ако вашата коса е руса, тогаш ви треба чај од камилица, ако сте црвенокоса, потребен ви е чај од ројбос, грмушесто растение од семејството на мешунките, а ако сте бринета, вистинскиот чај за вас е црниот чај.
Третирајте ја вака вашата коса еднаш неделно и ќе видите промена. Ставете две кесички чај во две шолји вода и оставете да се излади на собна температура, а потоа прелијте на измиена и влажна коса. Втријте како што би шампонирале.
Кажете ни какви се вашите впечатоци.