Освен што го намалува производството на пот, црниот чај ќе делува и на елиминирање на непријатните мириси
Иако со нетрпение го очекувавме летото, топлотниот бран кој пристигна не потсети дека најубавата сезона има и помалку убава страна – потењето поради високите температури.
Дополнителен проблем имаат луѓето кои се склони кон зголемено потење, особено при изборот на чевли. Но, дури и во апостолки и влечки, стапалата непријатно се лизгаат и мирисаат непријатно.
Едно од ефективните решенија е натопување на стапалата во црн чај, пишува „The Sun“.
– Танинската киселина во црниот чај помага за санирање на испотените стапала кои непријатно мирисаат – вели педијатарот Џеки Сутера.
– Потопувањето на стапалата во млак црн чај привремено ги намалува или затвора каналите за пот и порите и ги убива површинските бактерии кои ферментираат и шират непријатен мирис.
Како да го користите црниот чај за испотени стапала?
Д-р Сутера истакнува дека е неопходно стапалата да се потопат во чај кога се чисти и суви.
Во 200 милилитри вода сварете две кесички црн чај. Почекајте чајот да се излади, а потоа извадете ги кесичките, истурете го чајот во леген и натопете ги стапалата. Држете ги така 10 минути, а потоа извадете ги од легенот и оставете ги да се исушат на воздух.
Тропските горештини не се единствената причина поради која некои луѓе страдаат од прекумерно потење и непријатен мирис на нозете.
Хиперхидрозата може да се појави дури и ако телото не е прегреано.
Уште една состојба која може да предизвика непријатна миризба на стапалата е таканареченото атлетско стапало кое настанува поради присуството на габи. Главно се јавува кај спортистите, но и кај многу луѓе кои подолго време континуирано поминуваат во тесни чевли.