Како функционира сјајот за зголемување на усните: Од што се состои и како делува?

popara24 мај, 20231min00
shutterstock1427922086-830x0

Пополните усни станаа посакуван изглед за многумина. За оние кои се откажуваат од професионалните третмани или не се љубители на шминка која создава илузија за пополни усни, сјаевите за усни нудат брз и лесен начин за постигнување на посакуваниот изглед.

Сега, има толку многу производи на пазарот кои ви даваат брз поттик за да го постигнете посакуваниот изглед – но како точно функционираат сјаевите кои ги зголемуваат усните?

„Тоа е производ што го користите пред да ставите кармин или обоен сјај за усни за да добиете поголема површина за производот“, вели шминкерката Шаина Ерлих од Њујорк.

Овој сјај за усни може да се користи и сам ако сакате попригушен изглед на шминката.

Кои се придобивките од неговото користење и како функционира?

– Придобивките веднаш се забележуваат – вели познатиот шминкер Џејми Гринберг.

– Доколку еден ден сакате поголеми усни, можете да го користите, но за разлика од филерите, тој не е траен. Покрај тоа, тие се многу попристапни.

Гринберг вели дека тие обично содржат состојки како нане, бибер, ѓумбир или други состојки кои благо ги иритираат усните и предизвикуваат привремено отекување.

– Усните реагираат така што малку се шират и крвта најчесто тече кон усните, давајќи им совршен „природен ботокс“ – објаснува таа.

Поради ова гори или може да биде малку болно, а усните изгледаат поголеми и бојата е поизразена бидејќи всушност се иритирани, пишува „InStyle“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag