Како „ЦРНА ВДОВИЦА“: Ким Кардашијан го покри лицето со црн превез, па СО НЕГО под рака прошета низ Италија (ФОТО)

popara11 јули, 20231min00
c9cbffbb60fdbbde5fd1919fc2eefdc46714b6a6

Готски стил или омаж на Моника Белучи?

Ким Кардашијан (42) веќе извесно време е заштитно лице на модната куќа Долче Габана, а оваа соработка предизвика несогласувања и со сопствената сестра Кортни.

Старлетата последниве денови ужива во Пуља и шармот на Италија со нејзината мајка Крис Џенер. Повод за нивното патување беше претставувањето на новата колекција на брендот, која беше на сосема оригинален начин. Улиците на овој каракеристичен италијански град послужија како сценографија за шоуто.

Модното дуо ја облече старлетата во неколку изданија, а по раскошниот бордо фустан, Ким се појави во црна боја од глава до пети, дури во еден момент носеше превез на лицето. Единствените златни детали кои го разбија овој монохроматски изглед беа златните траки на корсетот и преголемиот крст што ѝ лежеше преку градите.

Screenshot 2023-07-11 220903
Screenshot 2023-07-11 220920
Screenshot 2023-07-11 220937
Screenshot 2023-07-11 220956
Screenshot 2023-07-11 221015
Screenshot 2023-07-11 221033

Ким одеше рака под рака со дизајнерот Доменико Долче и нејзината мајка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag