Канје Вест ѝ забранил на Бјанка да зборува: Ѝ дал список на работи кои смее да ги јаде и да ги носи, ова се деталите

popara6 октомври, 20231min00
kanye-west-bianca-censori-3-830x0

Канје Вест ѝ дал нови упатства на својата партнерка Бјанка Ценсори „никогаш да не зборува“ и и дал збир на правила по кои треба да живее.

Ова важи за сите аспекти од животот, па дури и за одредени намирници што смее да ги јаде и што може да носи, тврди изворот, пренесува „Дејли мејл“.

Веста доаѓа во услови на постојани стравувања од обожавателите дека раперот манипулира со својата таканаречена „сопруга“.

Изворот вели и дека Бјанка повеќе нема свое мислење и наместо тоа едноставно ги слуша наредбите на раперот, а тој наводно ја убедувал дека имаат „кралски статус“.

Покрај тоа што мора да молчи, неговата партнерка мора да внимава и што носи, односно не смее да се појавува во јавноста во стајлинг без негово одобрение.

Исто така, таа мора редовно да тренира и да ја одржува фигурата, иако самиот Канје тоа не го практикува.

Да потсетиме, раперот неодамна направи скандал во Венеција, поради што доби доживотна забрана да се вози на чамец на кој го покажа задникот.

Бродот им го изнајмила фирмата „Venezia Turismo Motoscafi“, од која соопштиле дека парот повеќе не е добредојден на ниту еден од нивните чамци.

Како што изјавија, не знаеле за „инцидентот“ додека не ги виделе фотографиите кои се раширени на социјалните мрежи и медиумите.

– Возачот мораше да внимава на сообраќајот и не ги виде тие работи. Да ги видеше, веднаш ќе ги пријавеше кај надлежните – рекоа тие.

Тие за инцидентот обвинија и трето лице кое било на бродот со Бјанка и Канје, а кое според нивните тврдења го блокирало погледот на тој дел од бродот.

Инаку, на многумина целата оваа приказна им е смешна и неверојатна, бидејќи сите се согласуваат дека Канје не го покажал намерно задникот, туку дека панталоните му паднале додека се наведнувал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma