Раперот Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори добија доживотна забрана да изнајмуваат чамци во каналите во Венеција по минатонеделниот скандал што го обиколи светот.
Имено, минатиот понеделник, Вест и Ценсори беа забележани како разменуваат нежности на брод во Венеција, додека раперот седел на задниот дел од чамецот со делумно спуштени панталони.
„Венеција туризмо мотоскафи“, компанијата која ѝ го изнајми бродот на контроверзната двојка, даде ексклузивно соопштение до „Дејли мејил“ и потврди дека парот „повеќе не е добредојден“ на нивните чамци.
Во соопштението, компанијата ја осуди „непристојната активност“ на парот, потврдувајќи дека тие „целосно не биле свесни“ за тоа што се случувало на бродот.
„Возачот (на чамецот) морал да внимава на сообраќајот и не го видел нивното непристојно однесување. Да ги забележал, веднаш ќе ги истоварел и ќе ги пријавил кај надлежните“, тврдат од компанијата.
Патем, „Венеција туризмо мотоскафи“ е една од водечките приватни транспортни компании во Венеција, која може да се пофали со импресивна линија на познати клиенти, вклучувајќи ги Лејди Гага, Хари Стајлс, Флоренс Пју, Џенифер Лопез и Бен Афлек.
Како потсетување, оваа контроверзна ситуација од Венеција беше осудена од многумина поради исклучителната непристојност и недоличното однесување на раперот и неговата сопруга.