Дали сте склони кон неверство? Стручњаците сметаат дека постојат седум типа на карактеристики на луѓето кои се склони кон прељуба.
Американскиот психијатар доктор Кенет Пол Розенберг, кој повеќе од 20 години се занимава со истражувања на човековата сексуалност и проблемите во врска, во своето истражување дефинирал какви карактеристики најчесто се поврзани со прељуба.
Неговото истражување покажало дека седум типови на карактери имаат поголема веројатност дека ќе бидат поневерни од другите.
Психијатарот вели дека неговите пациенти се од различни возрасти и од различни верски или општествено-економски позадини – од таканаречените милениумци, кои созреале со работи какви што претходните генерации немале прилика да запознаат, на пример онлајн порнографија, секс на прв состанок и пријателство со бенефиции, па до мажи и жени во криза на средни години.
Три фактори кои влијаат на прељуба
Мозокот – невролошката структура и процесите во мозокот
Психологијата – умот кој сме го развиле низ формативни искуства кои формираат мислења за светот, нашето место во него и како го гледаме сопствениот сексуален живот.
Културата – околината во која живееме со различни перцепции за сексот, љубовта и прељубата, кои влијаат на вашите мислења и можноста за впуштање во неверство.
Истражувањето покажало дека дали ќе се впуштиме во неверство зависи од околината и психата на личноста. Најзначајниот фактор е фактот дали можеме да изневеруваме: колку е полесно, толку е поверојатно дека ќе се впуштиме во неверство, по познатата „приликата го прави човекот крадец”. Изневерувањето не е ограничено само на неморални или безкарактерни личности, смета психијатарот.
Седум карактеристики на личностите кои се најсклони кон неверство
Кога е во прашање психолошкиот профил на луѓето кои изневеруваат, најголемиот фактор кој ги тера на љубовни авантури е чувството дека имаат право или заслужуваат да изневеруваат.
Нарцисоидни – се чувствуваат самобендисано и ги ставаат личните потреби на прво место
Без емпатија – не им е грижа за чувствата на партнерот
Егоманијаци – ги преценуваат своите способности, вклучително и сексуалната сила и потребна им е потврда за нивните способности како љубовници
Импулсивни – донесуваат одлуки не размислувајќи за последиците
Авантуристи – ги возбудува кога „ловат”.
Страв од врзување – влетуваат од врска во врска за да не се врзат со некого
Самодеструктивци или мазохисти – уживаат да бидат во лоши врски за да не бидат сами.