Срцевите проблеми се, заедно со дебелината, најголемата болест на човештвото. Како што обично се случува, сè започнува и завршува со исхраната
Високиот крвен притисок или хипертензијата погодуваат сè поголем број луѓе. Тоа може да доведе до фатални компликации, вклучително и мозочен и срцев удар.
Оваа состојба може да се спречи со правилна исхрана и вежбање, вели кардиологот Марк Френклин.
Научниците дошле до заклучок дека ризикот значително се намалува ако ги исклучите следниве намирници од менито:
Сувомеснати производи
Ни се чини дека нема ништо подобро од започнување на денот со силен и вкусен појадок. Сендвич со вашите омилени сувомеснати производи звучи совршено, но ако знаеме дека во 100 грама има и до 2.000 милиграми натриум, подобро е, доколку имате висок крвен притисок, да се одлучите за полесен појадок.
Сол
Не можете да замислите да јадете несолена храна. Сепак, не заборавајте дека само една лажичка сол содржи 2.300 милиграми натриум, што го зголемува крвниот притисок веднаш по консумирањето. Ако не можете веднаш да се откажете од солта, направете го тоа постепено.
Кисела зелка
Киселата зелка содржи големи количини на натриум и не треба да ја користат луѓе со срцеви проблеми.
Полномасно млеко
Официјално млекото се смета за добра и хранлива намирница, но сепак е наменето само за млади животни.
Животинското млеко, покрај преголемото количество протеини, содржи и премногу масти и холестерол, кои негативно влијаат на срцето и крвните садови.