КАРИРАНОТО САКО Е ТРЕНД БРОЈ 1 ОВАА ЕСЕН: Еве како да го носите, оди со секој вид ткаенина

popara7 октомври, 20234min00
sako-moda

Класична и модерна во исто време, карираната јакна е хит парче за есен што ќе ги освежи лежерните и деловните комбинации и ќе ги направи шик и тренди.

Есенската сезона донесе бројни возбудливи модни трендови, но не врати и на некои класици кои сите ги сакаат. Карираниот принт одлично се вклопува со есенската и зимската облека, а колку е популарен говори и фактот што се најде во колекциите на најпознатите модни брендови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yas Asare-Anderson (@yasmin_asare)

Карирана јакна може да се носи со речиси се. Совршено ќе се вклопи во деловните комбинации, но и со лежерните, а бидејќи е во тренд со години, дефинитивно вреди да се вложат пари.

Класична и модерна во исто време, карираната јакна може да се носи со свилени кошули, најобични памучни маици, па дури и кроп топ, кој е омилено парче на модните инфлуенсери.

 karirani sako moda.jpg

Во тие потопли есенски денови, оваа сестрана класика е совршена алтернатива за јакна, додека во зима можете да ја носите под капут.

Во колекциите на популарните „high street“ брендови оваа есен можете да најдете грст прекрасни модели, па нема да ви биде тешко да ги изберете вашите омилени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag