Смелите црвени усни никогаш не излегуваат од мода, тоа е класика која никогаш не излегува од мода, но ништо не ја надминува суптилноста предизвикана од усните во боја на кожа или „nude“ усни
Ги има во низа нијанси, вклучувајќи кафена, праска и розова, но ако сакате да изберете само една нијанса, шминкерите се согласуваат дека млечно-беж бојата е најдобриот избор. Оваа нијанса е универзално ласкава и лесна за носење, и иако изгледа како да не носите кармин, ја подобрува вашата природна боја на усни, што ја прави одлична за секојдневно носење.
– Длабочината на бојата на карминот треба да биде во корелација со тонот на кожата, што значи дека колку е посветла кожата, толку е посветла нијансата, а колку е потемна кожата, толку е потемен карминот – советува шминкерката Квин Марфи за „Allure“.
Трик за наоѓање на најдобриот неутрален кармин
Најпопуларната дефиниција за наоѓање на идеална нијанса на кармин е една нијанса над вашиот природен тон на усни. На овој начин избегнувате да изгледате „испрано“.