Кафената е бојата на сезоната: Мишел Обама во аутфит кој ги засени сите присутни

popara10 декември, 20231min00
70260_profimedia-0827854240_f

Годинава сме сведоци на голем пораст на популарноста на кафената боја, која трендсетерки како Хејли Бибер и Каја Гербер ја вклучија во својата есенска гардероба, а се чини дека им се придружи и Мишел Обама, која блесна во малку неочекувана кафена комбинација. На проекцијата на „Американска симфонија“ во Луизијана, поранешната прва дама блесна и покажа дека со задоволство ги носи овогодинешните трендови.

59-годишната Мишел ги остави сите без зборови облечена во темна кожна јакна и кожен горен дел со ласкав ремен околу половината. Освен што избра материјал кој е еден од најпопуларните сезонава, Обама се одлучи и за кафената, која стана боја на сезоната.

Комплетниот аутфит го потпишува Серџо Хадсон, американски моден дизајнер со кој има соработувано повеќе пати, а таа е заслужна за големиот подем на неговата кариера откако го носеше неговиот потпис на инаугурацијата на актуелниот претседател Бајден.

Косата на врвот на главата ја собра во високо опавче на кое би и позавидела и Аријана Гранде, која со години го носи тој изглед!

Пристигнувањето на Мишел Обама на филмската проекција е посебна чест за актерската екипа на документарниот филм „Американска симфонија“, кој го следи животот на добитникот на Греми Џон Батист. Продукциската куќа „Higher Ground Productions“ во сопственост на Мишел и Барак Обама го потпишува овој филм со кој поранешната прва дама е исклучително горда.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag