Кајли Џенер за постпородилната депресија: „Во ред е да не си добро, не сакав да се вратам на стариот живот“

popara26 февруари, 20231min00
kajli-dzener-2-830x0

Ријалити ѕвездата и богата жена Кајли Џенер се породи на 2 февруари 2022 година, кога роди момче по име Ајре.

Имено, милијардерката јавно и целосно искрено проговори за нејзината борба со постпородилната депресија.

– Првиот пат беше многу тежок, вториот пат беше полесно да се поднесе. На жените би им порачала да не размислуваат премногу и да ги живеат сите емоции до максимум – изјавила Кајли.

– Само сакам да кажам дека постпородилниот период не е лесен за мајките. Не е лесно. Искуството овој пат ми е многу потешко отколку кога ја родив ќерка ми. Не ми е лесно ниту психички ниту физички, едноставно е лудост – додала таа.

Џенер истакна дека сфатила дека си врши голем притисок врз себе.

– Во ред е да не си добро. Сфатив дека си вршам притисок. И секогаш се потсетувам дека родив дете, убаво, здраво момче. Треба да престанеме да си вршиме притисок. Не само физички, туку и психички – Кајли отворено проговори за проблемот со кој се соочуваат многу мајки.

-Не сакав да се вратам во животот без да кажам што ми се случи, ми беше тешко и затоа сакав јавно да го кажам тоа. Треба да знаете дека е во ред да не се чувствувате добро. Откако го сфатив тоа, стана полесно. Си вршев притисок на себе, но потоа почнав да се потсетувам дека родив прекрасно, здраво момче и дека треба да престанам да вршам притисок врз себе дека треба да бидам добро веднаш по породувањето, не толку физички, туку ментално – рече Кајли на крајот.

Да потсетиме, Кајли го роди наследникот само еден ден откако го прослави роденденот на својата ќерка Сторми, која наполни четири години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma