Кајли Џенер призна дека фотошопирала фотографии: Луѓето ти влеваат несигурност (ФОТО)

popara21 јули, 20231min00
733715_11357642_m

Манекенката Кајли Џенер (25) изјави дека до неодамна ги уредувала своите фотографии на Инстаграм, но веќе не го прави тоа.

Во една од епизодите на новата сезона на реалити програмата „The Kardashians“, Кајли разговараше со сестрите Кортни и Клои за нивното влијание врз денешните стандарди за убавина.

– Имам чувство дека имаме огромно влијание. Што правиме со толку моќ? Гледам толку многу млади девојки на интернет кои целосно ги уредуваат своите фотографии. Како, монтажа! И јас ја поминав таа фаза. Се чувствувам како да сум на подобро место сега. Но, луѓето ти влеваат несигурност“, рече Кајли.

Додаде дека понекогаш е нормално да се биде несигурен, но и дека секогаш била самоуверена и покрај тоа што и го кажувале луѓето.

– Отсекогаш се сакав себеси. Сè уште се сакам себеси. Една од најголемите заблуди за мене е дека сум била несигурно дете и дека сум имала толку многу операции што сум го сменила целото мое лице, што е лага. Само ставив филери – објасни Кајли.

Додаде и дека социјалните мрежи се интересни, но дека на нив слушнала многу лоши работи за себе. Таа изјавила и дека со текот на времето отрпнала на негативни коментари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma