Квентин Тарантино објасни зошто не убива животни во неговите филмови

popara17 јуни, 20231min00
tan2021-10-191319192190-830x0

„Тоа е мост кој не можам да го поминам“, ја започна режисерот приказната

Во новото интервју за „Variety“, режисерот зборуваше за тоа каде ја повлекува границата на насилството.

„Тоа е мост што не можам да го поминам. Инсекти, исто така. Освен ако не плаќам за да гледам некој бизарен документарец, не плаќам за да гледам вистинска смрт. Дел од начинот на кој сето ова функционира е тоа што се работи за замисла. Затоа можам да ги поднесам сцените на насилство, бидејќи сите само се заебаваме“, рече Тарантино и продолжи:

„Но некое животно, некое куче, некоја лама, некоја мува, некој стаорец, не се грижи за твојот филм. Би убил милион стаорци, но не мора да сакам да убијам еден на филм или да гледам убиен на филм, бидејќи не плаќам за да видам вистинска смрт“, рекол режисерот, пренесува „NME“.

Квентин Тарантино работи на својот нов филм кој се вика „Филмски критичар“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag