Кели Озборн го нападна принцот Хари: Доста ѝ е од неговото жалење како му е тешко

popara22 јуни, 20231min00
o_29506629_1280

Кели Озборн, ТВ водителка, пејачка и ќерка на рок легендата Ози Озборн, го нападна принцот Хари без да бира зборови. Се чини дека на сите им е доста од неговото постојано жалење дека животот му е тежок, во интервјуата, во автобиографијата и во документарната серија на Нетфликс, каде што ѝ се придружи и сопругата Меган Маркл во жалењето за кралското семејство.

Кели Озборн ги изрази своите размислувања за војводите од Сасекс во подкастот „I’ve Had It“, односно во сегментот „Hit It or Had It“ од шоуто.

Прво рече дека ѝ е доста од сеприсутниот принц, а потоа со жесток јазик додаде –

„Мислам дека Хари не е ни крал. Лелечи, се жали, тешко него, вели, јас сум единствениот кој некогаш имал психички проблеми. Мојот живот беше толку тежок. Животот на сите е е**но тежок. Ти беше принц на проклетата земја кој се облекуваше како крал на нацистите, а сега се обидуваш да се вратиш како папа?“

image

Е! News се обратија на претставниците на Хари за коментар, но не добија одговор.

Војводата од Сасекс проговори за скандалот во 2005 година кога носеше нацистичка униформа на забава со костими. Во документарецот „Хари и Меган“ тој инцидент го нарече „една од најголемите грешки во неговиот живот“. А потоа јавно се извини.

Хари и Меган изгубија профитабилен договор со Spotify пред неколку дена. Иако тогаш се тврдеше дека соработката е прекината со заеднички договор, на површина излегоа сосема различни информации. Меган е обвинета дека лажирала неколку интервјуа за нејзиниот подкаст „Archetypes“, според извор кој вели дека нејзиниот персонал ги водел интервјуата и нејзиниот глас бил додаден подоцна. И Бил Симонс, шеф за иновации и монетизација во Spotify, ги нарече Меган и Хари „измамници“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag