Кендал Џенер ужива во музиката
Кендал Џенер ужива на фестивалот „Коачела“ кој се одржува секоја година во ова време среде калифорниската пустина. Голем број познати личности не ја пропуштаат можноста да се појават на овој фестивал. Манекенката со години гостува со својата сестра Кајли, а сега дојде со своето момче Бенито Антонио, попознат по неговото уметничко име „Bad Bunny“.
Кендал важи за една од најдобро облечените манекенки за чии стајлинзи секогаш се зборува, а сега се одлучи за максимална едноставност.
Облечена во фармерки со рамен крој и класична бела маичка, таа на сè додаде и ремен и чизми, а косата ја носеше пуштена додека уживаше во музиката.
Кочела е фестивал на музиката и уметноста, кој се одржува од 1999 година и привлекува гости од целиот свет.