Кери Фишер, најпозната по улогата на принцезата Леја во оригиналната трилогија „Војна на ѕвездите“, постхумно ќе биде почестена со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
Името на актерката, која почина во декември 2016 година на 60-годишна возраст, четири дена откако доживеа срцев удар на летот од Лондон до Лос Анџелес, ќе биде одбележано на булеварот Холивуд во близина на театарот „Ел Капитан“, на 4-ти мај, познат на фановите како Ден на Војна на ѕвездите. Ѕвездата Кери Фишер ќе биде блиску до ѕвездата на Марк Хамил и ѕвездата на нејзината покојна мајка Деби Рејнолдс, пишува Daily Mail.
„Фановите ќе бидат воодушевени кога ќе дознаат дека нивната омилена филмска принцеза, Кери Фишер, ќе биде почестена со нејзина ѕвезда на легендарната холивудска патека на славните! Кери ќе им се придружи на своите колеги од Војна на ѕвездите на овој историски тротоар“, рече Ана Мартинез, продуцент на Холивудската патека на славните, во официјалното соопштение.
„Среќна сум што можам да додадам дека нејзината ѕвезда е само неколку метри оддалечена од ѕвездата на Марк Хамил и преку улицата од ѕвездата на нејзината легендарна мајка Деби Рејнолдс“, изјавила Ана Мартинез.