
Познатата пејачка неодамна посетила коктел забава во Њујорк и таму открила дека е трезна веќе пет недели. Кејти Пери додала дека склучила пакт без алкохол со вереникот Орландо Блум и си ветиле дека нема да пијат алкохол три месеци. „Пет недели сум трезна. Склучив пакт со партнерот и нема да се откажам“, им изјави пејачката на новинарите на People на настанот со одбрани коктели во барот Мистер Парадајс во Њујорк. Таа на шега ги „бришеше солзите“ од лицето додека зборуваше за апстиненцијата.
Кога колегата од „Американски идол“ судија Лук Брајан ја праша дали сепак ќе попушти и ќе се напие една пијачка, поп ѕвездата брзо одби. “Не! Не можам да се откажам. Ветив. Три месеци”, рече таа, мислејќи на пактот со нејзиниот вереник. Таа е пејачка и ко-основач на линијата безалкохолни аперитиви, која ја лансираше минатата година.
Пери и Блум се во врска од јануари 2016 година, но имаа и тешки периоди, извесен период раскинаа во март 2017. Пејачката подоцна откри дека во тоа време имала многу мисли за самоубиство. Тие се смирија и ја продолжија својата врска подоцна истата година. Како пар, тие првпат се појавија на црвениот тепих во септември 2018 година, а се верија на Денот на вљубените 2019 година. Тие го добија своето прво дете заедно во август 2020 година, девојче по име Дејзи Дов.

Иако се чинеше дека нивната врска е една од постабилните во Холивуд, Блум неодамна искрено зборуваше за предизвиците што морале да ги надминат за да ја одржат врската. „Ние сме во два многу различни базени. Нејзиниот базен не мора да значи дека го разбирам и мојот базен не е нешто што таа нужно го разбира. Понекогаш работите се многу, многу, многу предизвикувачки“, Орландо користел метафори за да објасни дека и двајцата имаат бурни деловни распореди, поради што често се многу оддалечени, а нивната врска повеќе личи на онаква на далечина. Ова е најтешкиот дел за него во нивната врска. „Нема да лажам, дефинитивно се бориме со емоциите и креативноста, но мислам дека и двајцата сфаќаме колку сме благословени што се поврзуваме на начинот на кој го правиме тоа и дефинитивно никогаш не е досадно“, заклучил тој во интервјуто за магазинот Flaunt.