Судејќи по парискиот стајлинг на една од најдобро облечените дами од светот на Холивуд, платформите со потпис на Стела Макартни повторно се во мода.
Презентирани во колекцијата есен/зима 2014 година, чевлите на британската дизајнерка со додаток на потпетица од дрво и ребрест гумен ѓон ги полудеа светските и домашните модничари, но во последниве години беа на втор план.
Сепак, оваа обувка повторно има светла иднина, барем судејќи по стајлингот на познатата Кејт Бланшет на ревијата на нивниот дизајнер во Париз.
Оваа неприкосновена кралица на црвениот тепих ги провери новитетите на Стела Макартни во двобојниот комплет од тексас „скршен“ со беж ткаенина, со препознатливиот пар чевли.
Во првите редови на ревијата на британскиот дизајнер, австралиската дива беше придружувана од ѕвездата на Марвел, актерот Роберт Дауни Јуниор, како и најмоќната жена во модниот бизнис, Ана Винтур.