На 25-тото доделување на наградите „Costume Designers Guild Awards“, кое го слави костимографијата во филмот и телевизијата, се истакна актерката Кејт Бланшет.
Во оваа прилика многу светски ѕвезди донесоа завидни костими и тоалети, но таа испрати нешто поинаква порака со нејзината уникатна, но сепак многу пристапна комбинација.
Актерката носеше кошула со копчиња и црни ѕвонасти панталони со висок струк. Целата модна комбинација беше украсена со необичен блејзер со предимензионирани рамења и кралски мотиви.
Она што таа го облече е потсетник на најсуштинските парчиња во гардеробата на секоја дама – свилена кошула и црни панталони.
Со стилизирање на безвременски класици, можете да научите важни и корисни модни лекции. Без разлика дали одите во канцеларија или барате комбинација во последен момент за излегување во градот, научете да дозволите свилената блуза да ви стане основна гардероба.
Без разлика дали станува збор за комбинирање со панталони, фармерки или здолништа, свилена блуза или кошула ќе диктира динамика. Изберете некоја со цветни мотиви за забавен, женски изглед или онаа со остра јака за канцелариски шик.
Кошулата што ја носи Кејт Бланшет е украсена со детали и е врзана на интересен начин, па немало потреба многу да се размислува за накитот. Нејзината коса е кратка, а дамите кои имаат долга коса треба да сметаат на фактот дека идеалната фризура со оваа кошула би била пунџа.