Кејт Мидлтон им даде идеја на многу жени со нејзината најнова комбинација
По нејзиното отворање на Евровизија, каде што го воодушеви светот со својот настап на пијано, Кејт Мидлтон се посвети на кампања за доброто на менталното здравје на децата преку спортот со што ја одбележи Неделата за подигање на свеста за менталното здравје.
Принцезата од Велс за оваа пригода внимателно избра модна комбинација. Одбрала вистинска мерка на опуштена елеганција и формалност. Со само две бои таа успеа да постигне полн погодок и да ни даде идеја за следната пролетна комбинација. Кејт носи бели панталони со висок струк, со рамен крој и класична бела маичка, а врз неа носи жолто сако. Сега салонките ги замени со патики и покажа како можат да бидат дел од елегантен стил.
Менталното здравје на младите е клучен фокус на јавниот живот на Кејт. Таа е поврзана со добротворни организации поврзани со психологија веќе долги години.