КЕЈТ МИДЛТОН ВО ФУСТАН КОЈ НЕКОГАШ ГО НОСЕШЕ ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА Заблеска во совршена модна комбинација (ФОТО)

popara21 јуни, 20231min00
718341_tan2023-06-1917041282-0_f

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон воодушеви со оваа модна комбинација и и оддаде почит на принцезата Дијана.

Заедно со членовите на кралското семејство, Кејт Мидлтон престојуваше во капелата Свети Џорџ во Виндзор.

Кејт е позната по тоа што често наоѓа инспирација за стајлинзите во принцезата Дијана, па вчера реши да облече елегантен црно-бел фустан идентичен со оној што го носеше Лејди Ди во 1988 година.

Во 1988 година, принцезата Дијана ги засени сите кога облече бел точкаст фустан од брендот „Victor Edelstein Model“ кој го искомбинира со „Mary Jane“ сандали.

Принцезата од Велс се појави во речиси идентичен фустан и црно-бели чевли. Кејт се одлучи за бел точкаст фустан „Алесандра Рич“.

Носеше и црн шешир со бели пердуви и мала бела чанта. Таа избра и дискретен накит – бели обетки, нараквица и прстен.

Косата ја стилизираше во раскошна пунџа, а избра малку појака шминка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag