Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон е една од најстилските дами во кралските семејства ширум светот, а денес тоа уште еднаш го докажа.
Таа беше во посета на детски центар каде се дружеше со најмалите, а повторно не воодушеви со својата аутфит комбинација.
Кејт знае дека е дојдено време за лелеави фустани, а во последно време многу ги носи, а овој што го избра денеска често ќе го видиме по градските улици.
Нане зелено-белиот миди фустан со долги ракави, кој е тесен во горниот дел, а паѓа во долниот дел, е веќе хит оваа пролет и лето.
Фустанот, покрај тоа што е убав, е многу практичен, а можете да го носите и на работа, но и кога одите во кафуле на пијачка со пријателите.
Принцезата Кејт го искомбинирала овој фустан со бели салонки кои одлично одговарале.