Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, носеше фустан од Александар Меквин на крунисувањето на кралот Чарлс во Вестминстерската опатија, а во оваа прилика и оддаде почит на принцезата Дијана.
Кејт Мидлтон носеше фустан во боја на слонова коска со сребрени полуги и везови од конец со мотив на роза, нарцис и детелина.
За таа прилика, избра обетки од бисери и дијаманти кои и припаѓаа на Дијана, принцезата од Велс и ѓердан од Џорџ Шести.
Ѓерданот е направен во 1950 година на барање на кралот Џорџ Шести за неговата ќерка, принцезата Елизабета. Дополнително, Кејт на главата носеше дијадема од сребро, кристали и тродимензионален вез со листови создадена од Џес Колет и Александар Меквин.
Принцезата од Велс на трогателен начин и оддаде почит на принцезата Дијана носејќи ги нејзините обетки со дијаманти и бисери. Над фустанот носеше свечена наметка во црвена, бела и сина боја.
Британскиот крал Чарлс денеска беше крунисан во Вестминстерската опатија, на симболична церемонија која е комбинација на верска служба и славење.