Кејт Мидлтон изненади со својата изјава при првото појавување во јавноста со принцот Вилијам откако неговиот брат, принцот Хари, објави мемоари. Принцезата од Велс и нејзиниот сопруг ја посетија добротворната организација за ментално здравје Open Door.
За време на посетата тие разговараа со неколку тинејџери кои се занимаваат со различни активности за лекување на менталното здравје, како уметност и танц. Британски The Sun објави дека Кејт ги прашала дали им помага правењето музика и учеството во креативни работилници.
Едно момче одговорило дека свирењето музика му помага да ги изрази своите емоции преку нешто во кое ужива. „Да се произведува музика и на тој начин да се покаже она што го чувствуваш е подобро отколку да престојуваш во клинички институции“, изјави тој.
Принцезата од Велс потоа изговори реплика за која многумина мислеа дека е посветена на војводата од Сасекс. „Терапиите со зборување навистина не им помагаат на сите. Важно е да се одржи континуитетот“, рече Кејт, додавајќи дека „денес сите зборуваат за менталното здравје“.
“Have you had the chance to read your brother's book at all?”
As they’re about to leave @theODCharity – the second of their Merseyside visits today – William and Kate asked if they have read #Spare.
They choose not to respond …pic.twitter.com/4OtbDpomCw— Chris Ship (@chrisshipitv) January 12, 2023