КЕЈТ МИДЛТОН И ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ СЛАВААТ 12 ГОДИНИ БРАК: Еве што порача принцезата од Велс по тој повод! (ФОТО)

popara30 април, 20231min00
Screenshot_5

По тој повод споделија досега необјавена фотографија…

 

Принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт Мидлтон денес прославуваат 12 години брак. Во таа чест денес споделија нова фотографија кое е направена на нивниот имот во Сандрингем за време на еден обичен ден.

 

На фотографијата Кејт носи темни фармерки со тесен крој и романтична бела кошула, додека нејзиниот сопруг е облечен во сличен стил.

 

 

„12 години“ – едноставно, но доволно пишуваше во описот на фотографијата објавена на официјалниот Инстаграм профил на кралскиот пар.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

 

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се венчаа на 29 април во 2011 година во Вестминстерската опатија. Парот пред 2.000 гости го кажа судбоносното „да“, а свадбената церемонија ја следеа 36,7 милиони луѓе ширум светот. Сега, 12 години подоцна, со три деца, парот изгледа позаљубено од било кога.

 

Кејт, која тогаш имаше 29 години, носеше фустан на Александар Меквин, модел со А крој кој потоа стана многу популарен ширум светот.

 

Парот се запознал во 2001 година на Универзитетот Сент Ендруз. Прво биле пријатели, а подоцна и пар.

 

„Кога првпат ја сретнав Кејт, знаев дека постои нешто многу посебно во врска со неа, сакав да го истражам тоа, но некое време бевме само пријатели“ – кажа принцот Вилијам во интервју во 2010 година, по повод нивната веридба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag