Кејт Мидлтон само што сподели фотографија од детството која ќе ви го стопи срцето

popara5 февруари, 20231min00
kejt-midlton-1-830x0

Како дел од кампањата „Shaping Us“ во која сака да ја истакне важноста на развојните години во раното детство, Кејт Мидлтон сподели фотографија од семејниот албум.

На фотографијата се гледа како принцезата од Велс нежно го држи за лицето својот татко Мајкл Мидлтон, а првата реченица во објавата гласи: „Лицата се најдобри играчки за бебињата“.

Фотографијата ја направила нејзината мајка Керол Мидлтон.

Под описот на фотографијата стои:

„Во вторникот го лансиравме #ShapingUs за да ја подигнеме свеста за виталната улога што ја играат нашите рани години во обликувањето на остатокот од нашите животи. Овој викенд би сакале да поминете време со вашите пријатели, семејства и колеги разговарајќи за вашето рано детство и како тоа ги обликувало вашите животи“.

Принцезата Кејт исто така ги покани другите да споделат фотографии од нив од времето кога биле бебиња до петгодишна возраст.

Објавата ги поттикна следбениците да споделат носталгични и трогателни коментари.

Исто така, имаше и такви кои пронајдоа голема сличност во цртите на лицето меѓу малата Кејт и нејзиниот син Луис.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma