За добра нега на лицето, секогаш е добро време. Наскоро ќе започне и сезоната на киви овошјето, а ние денеска ви откриваме маска, на која лицето ќе ви биде благодарно.
Потребни ви се две состојки: едно цело киви и две лажици мед.
Како да ја подготвите?
-Излупете го кивито, а потоа изгмечете го со вилушка. Откако ќе добиете кашеста смеса, додадјте ги лажиците мед и добро измешајте. Смесата нанесете ја на лице и оставете да стои 20 минути.
Се препорачува да се користи еднаш месечно и исто така, не е препорачлива за лица помлади од 25 години.
Кои се благодетите на маската?
Ја освежува кожата, а покрај тоа одличен сојузник е во борбата против брчки. Исто така, магично ја тргна маснотијата од лицето, како и отклонувањето на мртвите ќелии и површинските задебелувања на кожата.
Оваа маска во исто време на кожата ѝ дава посебна еластиичност, но и затегнатост. Со оглед на тоа дека кивито изобилува со витамин Ц, одлична е и за регенерација и ревитализација на кожата. Медот пак, полн со витамин Б и Ц како и здрави органски киселини, минерали и ензими ќе овозможи на кожата комплетна нега.
Евтино, лесно и одлично за вашето лице.