Реалити ѕвездата Ким Кардашијан обично ја гледаме средена од глава до пети, а сега реши да го покаже своето лице без трошка шминка.
Таа ја покажа својата природна кожа, а нејзините следбеници можат да видат дека и таа има неправилности на лицето како повеќето жени. Видеото го снимил нејзиниот пријател, шминкерот, Марио Дедивановиќ, по потекло од Црна Гора, непосредно пред процесот на шминкање.
Марио возбудено ја претстави Ким која се смешка додека седи со пуштена коса и облечена во едноставен црн огртач. За време на туторијалот, Ким прозборе во еден момент, велејќи:
– Вчера беа 15 години откако се запознавме со Марио. Ми испрати цвеќе – рече Ким, а Марио додаде дека таа му испратила торта.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Обожавателите најмногу ги импресионирало тоа што Ким на почетокот дозволила да биде прикажана пред камерите без трошка шминка. Следеа позитивни коментари: „Добро изгледа без шминка“, „Изгледа толку убаво и свежо без шминка“.