Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“.
Најпознатата старлета на светот проговори за својот нов избраник во последната епизода од својот проект. Во разговор со Скот Дисик таа зборувала за него, пишува Page Six.
Иако нагласила дека и е време да ужива во самотијата, целото нејзино внимание го привлекол извесен „Фред“, кој додала дека ги исполнува сите нејзини критериуми.
Ким изјави дека се уште не сака јавно да зборува за својот нов избраник и дека научила од грешките, поточно од претходната врска со комичарот Пит Дејвидсон.
– Кога ќе те видат со некого, а меѓу вас нема млеко и мед, речиси мора да се обидете да го остварите тоа. Ќе се срамите ако брзо раскинете – рекла Ким.
– Научив една работа од моето претходно искуство (со Пит Дејвидсон), а тоа е дека медиумите ме наведоа да мислам дека влеговме во многу сериозна врска и тоа многу брзо – објаснила потоа.
Во продолжение на епизодата славната Ким откри дека со мистериозниот „Фред“ ја поврзувале пријателите, а се гледа со него во нејзиниот омилен ресторан во Њујорк, кој за нејзина среќа има приватно сепаре. Додала дека таму одела и со Дејвидсон.
– Одев таму на тајни вечери со Пит. Тој веројатно си мисли: „Знам што прави“ во моментов.