Ким Кардашијан ја откри својата друга страна кога на своите фанови им даде ретка можност да „прошетаат“ низ нејзиниот двор преку Инстаграм.
– Попладневна прошетка во градината – рече реалити ѕвездата додека се шеташе по патеката и покажа ред овошни дрвја и зеленчукова градина пред нејзиниот дом во Лос Анџелес.
Во видеото, Ким помина покрај низа различни цвеќиња и растенија засадени на огромни зелени површини. Откри дека одгледува авокадо, јаболка, кајсии и калинки. Нејзината камера исто така зумираше цитрусното дрво.
Покажа две гајби со свежо набран зеленчук, вклучувајќи брокула и кељ. Ким се сврте кон органско производство за себе и за своето семејство, а се што останува е донирано во банките за храна, пишува „People“.