Ким Кардашијан на црвениот тепих на Мет Гала се појави во стил кој неодоливо потсетува на оној што го носеше на насловната страница на Плејбој.
Најпопуларната старлета на црвениот тепих носеше фустан украсен со бројни бисери од Schiaparelli.
Токму бисерите ги потсетија фановите на фотографиите на Плејбој направени во 2007 година, каде само тие ги покриваа брадавиците на старлетата.
Снимањето за Плејбој беше прикажано во првата сезона на семејното ријалити шоу „Кардашијан“, а најголемата разлика во тогашниот и денешниот „аутфит“ е тоа што тогаш таа не носеше ништо под бисерите.
„Кажете ми дека не сум единствениот што ова издание го потсети на сликите на Плејбој“, „Ким навистина го реинкарнираше својот изглед за Плејбој“ и „Изгледа како на Плејбој, само во облечена верзија“, се само некои од коментарите од фановите.